• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата изрече 179 санкции за брзо возење

Полицијата изрече 179 санкции за брзо возење

Скопје 12 јануари 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 179 возачи.

Како што информираа денеска од МВР, од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

Од  МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, порачуваат од МВР. ад/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан