Полицијата го регулира сообраќајот на Плетвар по несреќата кај Топлица
- Полициски службеници го регулираат отежнатиот сообраќај на патниот правец Прилеп – Градско, кај местото Топлица, по една сообраќајна лента, откако тешко товарно возило се преврти на патот.

Прилеп, 1 март 2021 (МИА) – Полициски службеници го регулираат отежнатиот сообраќај на патниот правец Прилеп – Градско, кај местото Топлица, по една сообраќајна лента, откако тешко товарно возило се преврти на патот.
- Околу 16 часот на патниот правец Прилеп – Градско тешко товарно возило се преврти во близина на Топлица, при што настана застој во сообраќајот, а забрана за движење имаа сите лесни патнички и тешки моторни возила - камиони, информира АМСМ.
Полицијата прави увид на местото на несреќата. мт/ки/