• понеделник, 25 ноември 2024

Полицијата ги потисна демонстрантите пред Народното собрание во Софија, има приведени и повредени

Полицијата ги потисна демонстрантите пред Народното собрание во Софија, има приведени и повредени
Софија, 2 септември 2020 (МИА) - Бугарската полиција вечерва ги потисна демонстрантите кои цел ден се собрани и протестираат пред зградата на Народното собрани во Софија, во обид да го зголеми периметарот што го обезбедува, јави  БГНЕС. Приведени се неколку лица, а повеќемина се повредени. Претходно, демонстрантите, кои ја бараат оставката на бугарската Влада и на премиерот Бојко Боприсов, цела вечера фрлаа петарди и други тврди предмети врз полицијата. Во настапот на специјалните единици на полицијата не беше употребена сила. Во денешните целодневни демонстрации, според софиската Служба за итна медицинска помош, повредени се 55 лица, од кои десетина се полицајци. Полицајците беа прегледани на самото место, а станува збор за повреди од петардите и фрлените предмети врз нив, јави Нова ТВ. Со настапувањето на полицијата се придвижи и еден од водените топови што се наоѓаат во таканаречниот „тријаголник на власта“, што досега не е употребен. Меѓутоа, припадник на полицијата со мегафон од возилото ги предупредува демонстрантите дека го нарушуваат јавниот ред и мир, во живо јавуваат репоретите на БТВ. . Бугарските медиуми јавуваат дека во тензичната атмосфера во текот на целиот ден повредени се голем број новинари. Секретарот на Министерството за внатрешни работи Ивајло Иванов вечерва потврди дека многу полицајци се повредени. -Има многу повредени полицајци. Во моментов ја прецизираме точната бројка. Мислам дека сите бевте сведоци на каков напад без преседан бевме изложени, изјави за Нова ТВ, главниот секретар на бугарското МВР. Според него, демонстрантите кон полицајците фрлале импровизирани експлозивни направи, а не обични петарди. -Јасно ни е кои се тие и кој ги организира. Овие акции се апсолутно насочени и очекувани. Би можел да кажам дека се доста добро подготвени. Се обидуваме да го зачуваме мирот, да се однесуваме на најдобар начин. Денес, сите отидоа предалеку, бараат крв, се обидуваат да ја добијат. Неколку пати се обидовме да го спречиме тоа, рече Иванов. Тој објасни дека полицијата има записи за се што се случуваше во текот на денот, дека добила многу сигнали, заради кое беше зголемено полициското присуство во областа, но целта на полицијата не беше да влезе во конфликт со демонстрантите. Во врска со водениот топ, Иванов објасни дека тоа е дел од помагалата за спасување на животите на полицајците. -Грубото кршење на јавниот ред и мир мора да се запре. Подобро е да се користат водени топови отколку да се повредуваат полицајци. Тие, исто така, имаат семејства што чекаат да се вратат дома, додаде тој. За цело време вечерва демонстрантите скандираат и бараат оставка од владата и премиерот Бојко Борисов. сд/

Остани поврзан