• петок, 05 декември 2025

Полицијата во Белград употреби солзавец за да растера демонстранти

Полицијата во Белград употреби солзавец за да растера демонстранти

Белград, 13 август 2025 (МИА) - Во Нов Белград дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата во близина на седиштето на Српската напредна странка при што полицијата употреби солзавец.
Полицијата употреби солзавец и топовски истрели за да ги потисне стотиците демонстранти кои се движеа кон просториите на СНС.
Полицијата се обидва да ги растера демонстрантите кон зградата на Општина Нов Белград.

Граѓаните и студенти во блокада кои се движеа кон Парламентот и Пионирски парк  каде се студентите кои се против блокади, беа запрени од српската жамдармерија кај Уставниот суд.
Кон луѓето кои протестираат од страна на насобраните кај Собранието, беа фрлани шишиња и пиротехника.

Во Нови Сад, членови и симпатизери на СНС повторно ги нападнаа учесниците на протестот со пиротехнички средства. Кон нив беа фрлани петарди и пиротехника.
Протести вечерва има во 30-на градови низ Србија поради нападот на поддржувачите на СНС што се случи синоќа во Врбас и во Бачка Паланка, кога кон демонстрантите беа фрлани пиротехнички средства и други предмети.  
Во Врбас, 16 полицајци беа повредени, додека 52 граѓани се пријавија во болница со разни повреди, истакна директорот на полицијата Драган Васиљевиќ, зборувајќи за синоќешните протести во Врбас и Бачка Паланка. зш/

Остани поврзан