Полицијата апси криумчари на артефакти во Битолско и Тетовско
- Утрово полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти во Тетовско и Битолско, дознаваме од извори во истрагата.

Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Утрово полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти во Тетовско и Битолско, дознаваме од извори во истрагата.
Според нашите извори, досега уапсени се осум лица поради соменение за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети.
Од Министерството за внатрешни работи само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот. цр/лв/