• четврток, 25 април 2024

При полициска акција на наплатната рампа кај Тетово запленето големо количиство дрога

При полициска акција на наплатната рампа кај Тетово запленето големо количиство дрога

Скопје, 24 март 2023 (МИА) - На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за МИА извори од МВР.

Тие потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат за по нејзиното завршување.

Истите извори наведуваат дека ова е една од низата акции што деновиве ги спроведува полицијата за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. бт/сп/

Остани поврзан