• сабота, 21 декември 2024

Полицајци ги советуваа возачите за практики во зимски сообраќајни услови

Полицајци ги советуваа возачите за практики во зимски сообраќајни услови

Тетово, 27 јануари 2024 (МИА) - На излезот од Тетово кон Гостивар  полицајци од СВР Тетово денеска на возачите им делеа летоци со информации како и што треба да практикуваат во зимски сообраќајни услови.

Овие превентивни активности се во рамки на кампањата „Голомразицата и снегот предизвици за учесниците во сообраќајот - биди одговорен возач и користи зимска опрема“.

- Овој вид информации и совети се споделувани и во непосредни разговори со возачи, со посветено внимание на законската обврска за користење зимска опрема до 15 март годинава и на предвидените импликации за непочитување на оваа обврска со парична глоба од 45 евра во денарска противвредност. Возачите, исто така, беа советувани и навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да внимаваат и да ја приспособат брзината во вечерните и раните утрински часови, пред сè ако патуваат кон Попова Шапка, Стража или Маврово, но и воопшто, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

Денешната активност e заедничка организација на МВР, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје. ас/хс/

Фото: СВР Тетово 

Остани поврзан