• недела, 22 декември 2024

Политичката битка не ја водиме со албанската опозиција, туку со ВМРО ДПМНЕ 

Политичката битка не ја водиме со албанската опозиција, туку со ВМРО ДПМНЕ 

Дебар, 7 април 2024 (МИА) - Европскиот фронт не води политичка битка со албанската опозиција, туку со ВМРО-ДПМНЕ затоа што не сакаат уставни измени, изјавил синоќа во Дебар лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села на отворањето на изборниот штаб на коалицијата "Европски фронт". 

Како што стои во соопштението на ДУИ, Сеља, кој е носител на кандидатската листа на коалицијата во петтата избирна единица, искажал убеденост  дека Европскиот фронт ќе биде апсолутен победник на овие избори.

Во обраќањето пред присутните Муса Џафери  оценил дека „албанската опозиција нема капацитет да ги одложи големите процеси“. 

-ДУИ потоа АА,  како две партии кои имаа повеќе мандати,  докажаа дека имаат политичка волја да го создадат Европскиот фронт, неопходен фронт за да ја однесеме земјата кон ЕУ. Ние како фронт покажавме солидарност со вклучување на партиите од другите заедници за да можеме сите заедно да бидеме дел од ЕУ, додал тој.

На отворањето на Изборниот штаб  се обратил и координаторот на петтата изборна единица  Крешник Бектеши кој меѓу другото нагласил дека "трката на Европскиот фронт е трка со деструктивните сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ а не е трка меѓу Европскиот фронт и албанската опозиција", стои во соопштението на ДУИ. вт/аа/

Фото: ДУИ

 

Остани поврзан