• петок, 22 ноември 2024

Политико: Орбан го одложи говорот во Европскиот парламент поради невремето во Унгарија

Политико: Орбан го одложи говорот во Европскиот парламент поради невремето во Унгарија

Будимпешта, 16 септември 2024 (МИА) -  Унгарскиот премиер Виктор Орбан го одложи говорот планиран за среда во Европскиот парламент поради поплавите во Унгарија, пишува магазинот Политико.

„Поради екстремните временски услови и поплавите во Унгарија, ги одложив сите мои меѓународни обврски“, изјави денеска Орбан.

За време на викендот обилни дождови и поплави ја зафатија централна и источна Европа, а во невремето загинаа најмалку 10 луѓе, додека илјадници беа принудени да ги евакуираат своите домови.

Полскиот премиер Доналд Туск вчера објави дека се подготвува да прогласи состојба на природна катастрофа.

Унгарскиот премиер во среда во Европскиот парламент во Стразбур требаше да ја претстави програмата на унгарското претседавање со Советот на ЕУ.

„Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, разговараше со премиерот Орбан за да му пренесе дека Европскиот парламент е подготвен да направи се што може за да им помогне на сите погодени од поплавите“, соопшти Европскиот парламент, додавајќи дека пратеничката група за оваа недела ќе се одржат консултации за работната програма.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан