• недела, 22 декември 2024

Поленот од пчели не ги зголемува градите, лекарите предупредуваат на негативни ефекти

Поленот од пчели не ги зголемува градите, лекарите предупредуваат на негативни ефекти

Лондон, 28 јули 2023 (МИА) - Тикток е „преплавен“ со видеа коишто ги прикажуваат наводните придобивки од пчелниот полен за зголемување на градите. А, „лекот“, наводно, чини пет фунти, и може да се меша во смути, каша или едноставно да се проголта чист.

Сепак, лекарите ги нарекуваат овие наводи - „патетични, штетни и нечесни“ совети, како што истакнуваат од Националниот центар за нарушувања во исхраната на Велика Британија.

Пчелниот полен е богат со витамин Ц, калциум и железо. Истражувањата покажаа дека е богат и со фитоестрогени - соединенија слични на естроген, добиени од растенија што ги имитираат влијанијата на хормоните во телото на жените. Но, други извори со високо ниво на оваа супстанција се и брокулата, карфиолот, зелката и прокељот, што значи дека тие наводно би го имале истиот ефект.

И д-р Шерил Рос, гинеколог од Калифорнија (САД) и автор на „Водичот за женско интимно здравје“, вели дека не постојат научни докази за тврдењата дека пчелниот полен ја зголемува големината на градите. Таа смета дека „тоа е одредено од хормоналните влијанија во пубертетот, бременоста, постпартумот и менопаузата“ и може да биде под влијание на „генетиката, вежбањето, возраста и тежината“.

Поленот од пчели, исто така, не е регистриран како медицински производ. Не е одобрен ни од британската Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи, ниту од Управата за храна и лекови во САД.

Д-р Сермед Мецхер од Британија смета дека сите наводи потекнуваат од приказните на поединци склони кон пристрасност.

- Затоа треба да се прават испитувања во контролирани средини за да се докаже ова. За волја на вистината, сепак, ова е многу веројатно да направи ништо друго освен да ги налути пчелите и потенцијално да ја намали вашата способност за природно производство на естроген, додаде тој.

Лекарите предупредуваат дека, како и со секој друг додаток, и околу користењето полен од пчела постојат и низа можни опасности.

- Пчелниот полен може да предизвика нови алергиски реакции... Тоа може да вклучува вртоглавица, отежнато дишење и отекување на лицето, усните, јазикот или грлото, истакна д-р Мецхер.

Исто така, неопходно е прво да се направи тест за алергија.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан