Покана од Бигорски за заедничко одбележување на именденот на епископ Антаниски г. Партениј
- Празнувајќи го споменот на отецот меѓу светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Свештената бигорска Обител, упати покана за заедничко одблежување на овој светол спомен.

Дебар, 18 февруари 2025 (МИА) - Празнувајќи го споменот на отецот меѓу светиите Партениј Лампсакиски Чудотворец, како и по повод именденот на Неговото Преосвештенство Епископ Антаниски г. Партениј, Свештената бигорска Обител, упати покана за заедничко одблежување на овој светол спомен.
-Утре во 18:00 часот ќе се отслужи празнична Вечерна архиерејска богослужба. По Вечерната богослужба, во чест на именденот на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј предвидено е соборно дружење и послужение во свечениот манастирски синодикон. Во четврток во 6:30 часот ќе биде отслужена утрена богослужба, а во 8:45 часот ќе почне Светата архиерејска Златоустова Литургија, информираа од Бигорскиот манастир.
Благослов да присуствуваат имаат сите коишто сакаат да го прослават споменот на Свети Партениј Лампсакиски, заедно со монашко братство и сестринство. Имајќи го предвид бројот од над илјада верници кои во просек присуствуваа на одбележувањето изминатите години, масовно присуство се очекува и овој пат.
Минатата година на одблежувањето посебна чест беше присуството на Неговото Преосвештенство, епископот Аморејски и игумен на Свештената Обител на Влатадите во Солун г. Никифор, од Вселенската Патријаршија. Со него, допатуваа и студенти по православна теологија од повеќе помесни православни цркви, кои престојувале во студентскиот интернат во Влатадон. вт/мд/
Фото: Бигорски манастир