Познат „Ол-стар“ тимот на ЕХФ ЕУРО 2022, Рајстад МВП
- Европската ракометна федерација на последниот ден од Еуор 2022 ги прогласи најдобрите.
Љубљана, 20 ноември 2022 (МИА) – Европската ракометна федерација на последниот ден од Еуор 2022 ги прогласи најдобрите.
Признанието за најкорисна ракометарка на евро-шампионатот е за Хени Рајстад од Норвешка.
„Ол-стар“ тимот го сочинуваат:
Голман: Клеопатре Дарло, Франција
Лево крило: Ема Фрис, Данска
Лев бек: Кристина Неагу, Романија
Централен бек: Стине Офтедал, Норвешка
Десен бек: Катрин Клујбер, Унгарија
Десно крило: Јованка Радичевиќ, Црна Гора
Линиски играч: Паулета Фопа, Франција
Најдобар дефанзивец: Кетрин Хајндал, Данска.
Последните два натпревара на Еуро 2022 ќе се играат вечерва:
17:45 часот Црна Гора – Франција за 3. место
20:30 часот Данска – Норвешка финале. зс/