• четврток, 16 мај 2024

Познати термините за натпреварите од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур“ 2024

Познати термините за натпреварите од Купот на Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур“ 2024

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) – Кошаркарската федерација денес го објави распоредот според кој ќе се играат натпреварите на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур 2024“.

Оорганизаторот на купот екипата на Пелистер од Битола го искористи правото да бира термин па мечот со Феникс ќе го играат последни во денот.

Распоред за одигрување на четвртфиналните натпревари на 15 февруари:

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (почеток 12 часот)

Еуро Никел – Чаир (14:30 часот)

Работнички – ТФТ Моцарт (17 часот)

Пелистер – Феникс (19:30 часот).

Во петок на 16 февруари се двете полуфиналиња, а ден подоцна (17 февруари) ќе се одигра финалниот натпревар. зс/

Остани поврзан