• петок, 05 декември 2025

Познати осминафиналните дуели на Евробаскетот

Познати осминафиналните дуели на Евробаскетот

 

Лимасол, 5 септември 2025 (МИА) – Откако синоќа се комплетираше завршното коло во групите Ц и Д, познатите се сите осминафинални пресметки на Европското првенство во кошарка.

Петтото коло во групата Ц донесе драматична разврска во Лимасол, откако актуелниот европски шампион Шпанија загуби од Грција со 90-86 и претрпе елиминација веќе во групната фаза.

Осминафиналните пресметки на Евробаскетот ќе стартуваат в сабота кога на програмата се дуелите Србија – Финска, Германија – Португалија, Литванија – Летонија и Турција – Шведска.

В недела ќе играат Грција – Израел, Полска – Босна и Херцеговина, Италија – Словенија и Франција – Грузија.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан