• четврток, 18 јули 2024

Познати лица на бебе-забавата на Ема Робертс

Познати лица на бебе-забавата на Ема Робертс
Лос Анџелес, 6 октомври 2020 (МИА) - Глумицата Ема Робертс, можеби најпозната по серијата „Американска хорор приказна“ (American horror story), во август објави дека таа и нејзиното момче Герет Хедланд очекуваат машко бебе. Така, деновиве се случи и традиционалната американска (исклучиво женска) бебе-забава, секако, со запазување на задолжителното физичко растојание поради опасноста од Ковид-19. Според неименуван извор, освен Ема, на седенката присуствувале и мајките на идните родители, потоа - глумицата Кристен Стјуарт и нејзината девојка, сценаристката Дилан Мејер, девојката на Леонардо ди Каприо - Камила Морон со нејзината мајка Лили Кершо и 10-на други. Според трудницата, која била видно поласкана и среќна за приновата, ова било „вообичаена седенка со многу смеа“ и забава за секого. Таа се пофали околу тоа и со неколку објави на Инстаграм. си/сд/

Остани поврзан