• петок, 20 декември 2024

Познатиот македонски бизнисимен во Италија, Мунир Шемши, по повод Курбан Бајрам, обезбеди 1.500 хуманитарни пакети со прехранбени производи

Познатиот македонски бизнисимен во Италија, Мунир Шемши, по повод Курбан Бајрам, обезбеди 1.500 хуманитарни пакети со прехранбени производи
Дебар, 5 јули 2022 (МИА) - Македонскиот иселеник Мунир Шемши, кој веќе три децении со своето семејство живее и работи во областа Венето, во северниот дел од Италија, продолжува со неговата хуманитарна активност. Овој пат, тој по повод претстојниот голем исламски празник Курбан Бајрам, ќе донира пакети со прехранбени производи за семејства во социјален ризик во повеќе општини во државава. -Никогаш не сум заборавил од каде потекнувам, мојата татковина Македонија и моите сограѓани. Моја желба е за овој голем празник дел од семејствата кои се во тешка социо-економска состојба да не се чувствуваат поинаку од другите. Ќе распределиме 1.500 пакети со прехренбени производи во 15 општини, од нив четири во Скопје, изјави Шемши за МИА. Меѓу општините кои ќе бидат опфатени со оваа значајна хуманитарна акција, ќе бидат и општините Дебар, Маврово и Ростуше и неговата родна Центар Жупа. Шемши, потекнува од селото Коџаџик, област Горна Жупа и е познат бизнисмен во Италија. Неодамна ја формира македонско-италијанската асоцијација АПИ НОРДЕСТ, по чија иницијатива на почетокот на минатиот месец, за првпат беше одржан бизнис форум во Тревизо и Венеција. На форумот учествуваше и македонска владина делегација, предводена од вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и претприемачи и градоначалници од двете земји. вт/дма/

Остани поврзан