• понеделник, 23 декември 2024

Познатиот албански писател Исмаил Кадаре ќе биде почесен граѓанин на Тетово

Познатиот албански писател Исмаил Кадаре ќе биде почесен граѓанин на Тетово

Тетово, 28 октомври 2022 (МИА) - Советот на Општина Тетово на денешната четврта седница донесе одлука да го прогласи за почесен граѓанин Исмаил Кадаре, албански писател и поет.

За оваа одлука, иако имаше кратка дебата, гласаа сите 31 советник во Советот на Општина Тетово.

Ова е втора ваква одлука годинава, откако титулата почесен граѓанин на 22 јули 2022 му беше оддадена на Рифат Јашари, братот на Адем Јашари, еден од основачите на УЧК на Косово.

-Имаме големо почитување за ликот и делото на писателот Исмаил Кадаре, но во нашиот град треба да се фокусираме на проблемите и да си направиме респект и на самите себеси кои живееме во овој град. Воедно редно е да се прогласи за почесен член и припадник на македонскиот народ, со оглед дека има многумина кои се родени во Тетово, рече на седницата советникот Глигорије Стојановски од СДСМ.

Советникот Ратко Давидоски од ВМРО ДПМНЕ посочи дека изготвена е листа со предлози на Македонци за титулата почесен граѓанин по која ќе одлучува по повод Денот на општината. ас/сст/

Остани поврзан