• петок, 10 мај 2024

Пожар над Горно Свиларе, гори нискостеблеста вегетација

Пожар над Горно Свиларе, гори нискостеблеста вегетација

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Пожар избувна вечерва над селото Горно Свиларе, во околината на Скопје.

Од скопската Бригада за против пожарна заштита, за МИА изјавија дека упатено е едно возило со тим пожарникари, но не можеле да интервенираат поради непристапноста на теренот.

Од Центарот за управување со кризи, информираа дека гори претежно трева и грмушки на непристапниот терен на планината Жеден.

-Поради ниските температури има големи шанси пожарот да изгасне сам во текот на ноќта. Доколку утре наутро пожарот се уште е активен ќе ангажираме воздухоплови, наведуваат од ЦУК. вг/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан