Пожар го зафати врвот Китка над Македонска Каменица
- Пожар го зафати врвот Китка над Македонска Каменица. Точната локација, како што информираат од Територијалната противпожарна единица, е кај месноста Јуручки Гробишта, во близина на самиот врв

Македонска Каменица, 27 април 2022 (МИА) - Пожар го зафати врвот Китка над Македонска Каменица. Точната локација, како што информираат од Територијалната противпожарна единица, е кај месноста Јуручки Гробишта, во близина на самиот врв Китка.
Како што соопшти командирот Малин Трајчевски, зафатена е површина од околу десет хектари со трева и нискостеблеста вегетација.

- Станува збор за пожар на отворен простор, на релативно тешко пристапен терен. Зафатени се трева и нискостеблеста вегетација. Пожарот сè уште е активен, екипите на ТППЕ остануваат на терен сè до локализирање и гаснење, информира Трајчевски.
Тој додаде дека пожарот се наоѓа во непосредна близина на еден од изворите за вода, изворот Китка, од кој Македонска Каменица се снабдува со вода за пиење. вс/нд/