Пожар во укотвен глисер во Охридското Езеро, нема повредени
- Пожар настанал денеска во глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец, на околу 30 метри од брегот.
Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Пожар настанал денеска во глисер, укотвен во водите на Охридското Езеро, на плажите помеѓу населбата и автокампот Елешец, на околу 30 метри од брегот.
Минитерството за внатрешни работи информира дека за пожарот било пријавено во 11:22 часот, во СВР Охрид и езерската полиција.

-Повредени лица нема, а во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид и езерската полиција. Од преземените мерки е констатирано дека глисерот бил регистриран и бил во сопственост на З.Д.(64) од Тетово, соопшти МВР.
Поради предизвикани оштетувања на коритото, додава МВР, глисерот потонал на длабочина од околу три метри, а од пожарот се оштетени и два други соседни глисери. хс/аа/
Фото: Министерство за внатрешни работи