Пожар во селото Костурино, изгореа помошни простории од семејна куќа
- Во селото Костурино денеска во 12:40 часот во пожар изгореа помошни простории од семејна куќа, а пожарникарите не дозволиле да биде зафатена и куќата.

Струмица, 31 август 2023 (МИА) - Во селото Костурино денеска во 12:40 часот во пожар изгореа помошни простории од семејна куќа, а пожарникарите не дозволиле да биде зафатена и куќата.
Како што информираа од Територијалната противпожарна единица во Струмица, во гаснењето учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари.
Пожарот бил во разгорена фаза и било спречено негово натамошно ширење кон семејната куќа. Причинета е значителна материјална штета. рт/бак/
Фото: ТППЕ Струмица