• понеделник, 26 август 2024

Пожар во кругот на Цементарница Усје

Пожар во кругот на Цементарница Усје
Скопје, 21 август 2022 (МИА) - Пожар избувна во кругот на Цементарница Усје во Кисела Вода, потврдија за МИА од Противпожарната бригада на Скопје. Командирот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томески изјави дека интервенцијата е во тек. На терен се испратени две возила и девет пожарникари. Пожарот е пријавен околу 12 часот, а причина за пожарот најверојатно е дефект на електрична инсталација. фф/бак/ фото: МИА

Остани поврзан