• петок, 05 декември 2025

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола

Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола

Скопје, 22 јули 20225 (МИА) – Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Како што соопштува Ангелов, на некои места во внатрешноста на опожарениот простор се уште има догорувања, но, вели, нема опасност од негово ширење. Тој посочува дека противпожарните екипи во моментов работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта.

– Пожарот околу Преспанско езеро е ставен под целосна контрола, сеуште на некои места има догорувања во внатрешноста на опожарениот простор но нема опасност од негово ширење. ПП екипи работат на доизгаснување на остатоците и ќе продолжат со патролирање во текот на ноќта, соопштува Ангелов. ра/ев/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан