Пожарот кај Дренак, Старо Нагоричане локализиран, противпожарна екипа дежура
- Пожарот кај Жељувино-Дренак е локализиран, но сè уште дежура екипа од противпожарната единица на Старо Нагоричане, информираше денеска командирот, Далибор Трајковски.
Куманово, 9 август 2021 (МИА) - Пожарот кај Жељувино-Дренак е локализиран, но сè уште дежура екипа од противпожарната единица на Старо Нагоричане, информираше денеска командирот, Далибор Трајковски.
- Со пожарот беше опфатена сува трева, деградирана шума. Екипите вчера беа до 20.30 часот, а денеска по гасењето сè уште се таму, за да спречат негово повторно разгорување-изјави Трајковски.
ТППЕ од Старо Нагоричане го гасеше пожарот со едно теренско возило и пет пожарникари интервенира со грбни пумпи и поддршка на мештани. Овој пожар се наоѓа на високото планинско место на тромеѓето на Дренак-Жељувино и Аљинце.ам/ир