Пожарот во Мичурин изгаснат по интервенцијата на противпожарната служба
- Пожарот кој попладнево избувна во станбен објект во Мичурин е изгаснат по интервенцијата на екипите од Противпожарната единица на Град Скопје.

Скопје, 16 јули 2022 (МИА) - Пожарот кој попладнево избувна во станбен објект во Мичурин е изгаснат по интервенцијата на екипите од Противпожарната единица на Град Скопје.
Според информациите од Противпожарната единица, нанесена е материјална штета но нема починати или повредени во текот пожарот.
Противпожарната единица интервенираше со четири возила и 12 пожарникари за гасење на пожарот.ка/сх/
Фото: МИА