Пожарникарите од Македонска Каменица го локализираа пожарот кај Костин Дол
- Локализиран е пожарот што денеска околу 13 часот избувна во Штабско маало кај селото Костин Дол. Како што информираше командирот на Територијалната противпожарна единица од Македонска Камени

Македонска Каменица, 25 февруари 2022 (МИА) - Локализиран е пожарот што денеска околу 13 часот избувна во Штабско маало кај селото Костин Дол. Како што информираше командирот на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, Малин Трајчевски во пожарот опожарена е борова шума на површина од 10 декари.
-Дојавата за пожар во ова маало или поточно кај месноста ,,Бачијата" ја примивме во 13:20 часот. Во гаснењето учествуваа три пожарникари, едно лице од Општина Пехчево и десетина вработени во Јавното претпријатие Камена Река. Изгорени се околу 10 декари бор, кој е зафатен во ниските делови, но нема штета на крошните, рече Трајчевски.
Апелираше на поголема ажурност на екипите од Шумско стопанство во иднина, чија реакција изостанала при денешната интервенција.
Пожарот е ставен под контрола околу 16 часот, но екипи ќе останат на терен со цел да се спречи евентуално повторно разгорување на пожарот. вс/свс/