Пожарникарите во Тетово добија донација скали
- На располагање на Територијалната противпожарна единица Тетово од денеска е нова опрема која е донација од гостиварски иселеник во Швајцарија. Станува збор за скали со елеватор кои ќе може да

Тетово, 14 јуни 2022 (МИА) - На располагање на Територијалната противпожарна единица Тетово од денеска е нова опрема која е донација од гостиварски иселеник во Швајцарија. Станува збор за скали со елеватор кои ќе може да се користат при гаснење пожари на висококатници.
Донаторот е Блерим Селмани од гостиварското село Ѓурѓевиште кој живее и работи во Швајцарија.

- Во просториите на Територијалната противпожарна единица Тетово денеска примивме уште една нова донација , која значително ќе ги подобри условите на ТППЕ. Се заблагодарив на донаторот, Блерим Селмани и на командантот Ука Алити, кои со покажаната конструктивност, за потребите на ТППЕ Тетово , обезбедија донација од два пара скали со ескалатор со висина од 21м, кои ќе се употребат во гаснење пожари во повеќекатниците. Ова значително ќе го олесни пристапот, но и ќе ја зголеми успешноста и брзината во акциите кога се гаси пожар во високи згради, порача градоначалникот, Биљал Касами.
Компанијата „Алберти“ од Струга што ја донела оваа опрема во Тетово, а компанијата „Була Транс“ била ангажирана за истоварување со специјална механизација. Скалите се во употреба и од денеска се сопственост на општина Тетово. ас/ар/