Поетско читање во Прилеп по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески
- Во Центарот за култура “Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи поетко читање со наслов „Блаже Конески - Проста и строга македонска песна, 100 години од раѓање

Скопје, 19 септември 2021 (МИА) - Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи поетко читање со наслов „Блаже Конески - Проста и строга македонска песна, 100 години од раѓањето на великанот“.
Како што соопштубваат организаторите, настанот е дел од прославата на Владата на Република Северна Македонија, во рамки на прославата за 30 години независност.
На настанот ќе настапат Симона Спировска, актер и Дино Имери, пијано. фф/нд/