• среда, 10 април 2024

Поетски триптих со Митко Гогов, Зоран Анчевски и Никола Маџиров

Поетски триптих со Митко Гогов, Зоран Анчевски и Никола Маџиров

Струмица, 21 февруари 2024 (МИА) - Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ вечер во просториите на Европската куќа (Europe House) во Струмица организира читање насловено „Поетски триптих“ на кој присутните ќе имаат можност да уживаат во поетските светови на Митко Гогов, Зоран Анчевски и Никола Маџиров.

Од „Контекст-Струмица“ велат дека преку поетско читање и разговор за поетиката која ја опфаќаат во нивните дела, овој поетски триптих има за цел да го доближи творештвото на овие позанти автори поблиску до читателите.

И тројцата поети зад себе имаат богат книжевен опус и се добитници на голем број награди и признанија. рт/хс/

Фото: Организатор

Остани поврзан