Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во официјална селекција на интернационалниот „Поетски филмски фестивал ‒ Лос Анџелес“
- Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во режија на Марија Шаклева е избран во официјалната селекција на интернационалниот „Поетски филмски фестивал ‒ Лос Анџелес“ (International Poetry Film Festival ‒ Los Angeles) во САД.

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во режија на Марија Шаклева е избран во официјалната селекција на интернационалниот „Поетски филмски фестивал ‒ Лос Анџелес“ (International Poetry Film Festival ‒ Los Angeles) во САД.
Филмот е снимен според истоимената песна на македонскиот поет Андреј Ал-Асади. Музиката е на Јован Јовановски, а снимател е Илија Жоговски. Уметничката слика што како мотив се појавува во филмот е дело на сликарот Владимир Илиевски. Продуцент на филмот е Јулијана Величковска, а режисерката Сандра Ѓоргиева е стручен консултант.
Поетскиот филм е дел од „Стиховно мапирање на Скопје“, проект на „ПНВ Публикации“, со поддршка од Град Скопје и за првпат беше прикажан во септември 2022 година во рамки на „Скопскиот поетски фестивал“.
Според програмата, проекцијата во Лос Анџелес е закажана за 29 април годинава. бак/