• недела, 22 декември 2024

Под велешка „Агриа“ од патот излета автомобил, повредено 19-годишно момче

Под велешка „Агриа“ од патот излета автомобил, повредено 19-годишно момче
Велес, 28 мај 2022 (МИА) - Поради лизгавиот коловоз од дожд и брзо возење попладнево околу 18:30 часот на патот под „Агриа“ кон Велес со возило од патот излета 19-годишно момче. На местото на настанот се упати возило на СВР Велес за да ја утврди причината за несреќата. Како што информира за МИА д-р Васил Пановска Поп Стефанова, началник на Брза помош, момчето се здобило со повреди на глава и му била укажана прва помош и во свесна состојба било однесено во хирушките амбуланти на велешката болница. Таму првично за МИА информираат дека момчето моментално е на рендген-снимање. Инаку, од септември лани расипан е компјутерскиот томограф поради што во вакви итни и други случаи, за жал, во велешката Општа болница не може да се изврши снимање на повредени во сообраќајќи и други несреќи, но и за останатите пациенти поради што се препраќаат во болниците во Скопје, Штип и Битола. ад/аа/

Остани поврзан