• среда, 25 декември 2024

Подобрување на патната инфраструктура во локалната економска зона Ограѓе во општина Илинден

Подобрување на патната инфраструктура во локалната економска зона Ограѓе во општина Илинден

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Деновиве се асфалтираше на спојот на улиците „10“ и улица „1“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден. 

-Станува збор за доста важен дел од овие две улици, затоа што е од големо значење за функционалноста на стопанските субјекти кои се наоѓаат во овој дел на локалната економска зона Ограѓе, како и за растеретување на утринскиот сообраќаен метеж кај новото подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден, каде од сега ќе може да се користи како алтернативен пристап до училиштето, информираат од Општина Илинден.

Покрај асфалтирањето на овој дел поставени се и цевки под коловозот со цел одведување на атмосферските води.

Општина Илинден, најавуваат оттаму, и во наредниот период ќе продолжи да реализира проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура како еден од главните приоритети за локален економски развој на Општината. сст/дма/

фото Општина Илинден 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан