• петок, 15 ноември 2024

Подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад по завршувањето на Скопскиот маратон 2024

Подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад по завршувањето на Скопскиот маратон 2024

Скопје, 7 октомври 2024 (МИА) - Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнале и транспортирале приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни и на сообраќајни површини по завршувањето на Скопскиот маратон 2024.

Како што соопштија денеска од ЈП Комунална хигиена-Скопје, отстранувањето на отпадот се одвивало во централното градско подрачје, на плоштадот Македонија, Кејот „13 Ноември“, улиците „Димитрија Чуповски“ и „11 Октомври“, како и на сите останати улици и булевари на патеката на маратонот, особено во реонот каде што беа поставени водните станици. цр/са/

Фото: ЈП Комунална хигиена-Скопје

Остани поврзан