• понеделник, 23 декември 2024

Поддршка за Кондовски од партијата за движење на Турците

Поддршка за Кондовски од партијата за движење на Турците
Битола, 29 октомври 2021 (МИА) - Партијата за движење на Турците упати јавна поддршка за Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалициските партнери. Од партијата соопштија дека на средбата со кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски ја искажале поддршката за вториот круг од локалните избори. -На средба со Кондовски ја потенциравме важноста на духовните вредности на градот Битола кои се доста значајни за турската заедница, а исто така разгледавме решенија и проекти кои би се реализирале во следните четири години, изјави по средбата претседателот на Партијата за движење на Турците и пратеник во македонското Собрание, Енес Ибрахим. Кондовски посочи дека со партијата за движење на Турците разговарале за проекти кои ќе го унапредат животот на сите заедници во космополитска Битола.мт/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан