• понеделник, 23 декември 2024

Подароци за жените учеснички во сообраќајот по повод 8 Март

Подароци за жените учеснички во сообраќајот по повод 8 Март

Тетово, 7 март 2021 (МИА) - Полициските службеници при СВР Тетово денеска на 50-тина жени учеснички во сообраќајот при вршење контрола им доделија подароци во пресрет на утрешниот Меѓународен ден на жената - 8 Март.

Заедничките активности под мотото „Жените возат одговорно“ по повод празникот претставуваат соработка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Отсекот за превенција на СВР Тетово.

-Заедничките активности беа реализирани на градските плоштади во Тетово и Гостивар. На учесничките во сообраќајот им беа врачени пригодни празнични подароци, цвеќе, маски за лице, миризливи освежувачи за возила во знак на почит и благодарност за нивниот придонес во напорите за поголема безбедност на сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Активностите се дел од планираните превентивно-едукативни проекти на СВР Тетово и ќе се реализираат во првата половина од оваа година.ас/бт/

Остани поврзан