• петок, 17 мај 2024

Погребан Дејан Милојевиќ

Погребан Дејан Милојевиќ

 

Белград, 12 февруари 2024 (МИА) – Прославениот српски кошаркар и тренер Дејан Милојевиќ е погребан денеска во Белград во присуство на членови на семејството, многубројни пријатели, спортисти, соиграчи и личности од јавниот живот.

На последното испраќање на Милојевиќ, меѓу другите, присуствуваа стратегот на НБА лигашот Сакраменто, Стив Кер, тренерот на кошаркарскиот клуб Жељко Обрадовиќ, претседателот на Кошаркарската федерација на Србија, Предраг Даниловиќ и легендарниот српски кошаркар Жељко Паспаљ.

Милојевиќ почина на 17 јануари од срцев удар во ресторан во Солт Лејк Сити.

Роден на 15 април 1977 година во Белград, најголем дел од својата кошаркарска кариера Милојевиќ ја мина во Партизан, а со репрезентацијата на поранешна СР Југославија ја освои европската титула во 2001 година.

Тренерската кариера ја почна во Мега, а во август 2021 година потпиша долгорочен договор со НБА лигашот Голден Стејт. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан