Погба за Рашфорд: Неверојатно како Манчестер јунајтед го отпиша
- Фудбалерот од средниот ред на Монако и поранешен играч на Манчестер јунајтед, Пол Погба, ја коментираше одлуката на англискиот клуб да се раздели со напаѓачот Маркус Рашфорд.
Монако, 21 јули 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Монако и поранешен играч на Манчестер јунајтед, Пол Погба, ја коментираше одлуката на англискиот клуб да се раздели со напаѓачот Маркус Рашфорд.
- Неверојатно е како Манчестер јунајтед го отпиша, но среќен сум за него. Манчестер јунајтед губи одличен играч. Уште полошо за нив. А за Барселона, тоа е одлично, да бидам искрен. Манчестер јунајтед купи неколку нови играчи, а новиот тренер, мислам, сака да изгради нешто свое. Аморим не е навистина виновен. Но, сега треба да победува за да докаже дека во клубот постапиле исправно. Во спротивно, ќе биде отпуштен, изјави Погба.
Според него, Барселона направи брилијантен потег со потпишувањето на Рашфорд.
Каталонците се договорија со Манчестер јунајтед за позајмицата на 27-годишниот напаѓач. Се очекува денес или утре Барселона да го претстави Рашфорд како играч на тимот.
Рашфорд е производ на академијата на Манчестер јунајтед и игра за првиот тим на клубот од 2016 година. Англичанецот ја помина втората половина од сезоната 2024/25 како позајмен играч во Астон вила. Тој одигра 17 натпревари за „Лавовите“, постигнувајќи четири гола и шест асистенции. зс/
Фото: ЕПА