• понеделник, 23 декември 2024

Повторно се отвори кратерот пополнет со песок на патот Дебар-Маврово кај Косоврасти

Повторно се отвори кратерот пополнет со песок на патот Дебар-Маврово кај Косоврасти
Дебар, 11 јуни 2022(МИА) - На регионалниот пат Дебар – Маврово, делница Дебар- Жировница, кај селото Долно Косоврасти, повторно се отвори кратер. Станува збор за кратер, пропадната дупка на коловозот, на истата локација  каде што истиот се појави во неколку наврати, но овој пат со поголеми димензии. Сообраќајот се одвиваше по оспособен пат а со максимална ангажираност на вработените во дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта,  истиот  е пополнет со песок. Поради обилните дождови присутни деновиве, на овој, како и на патните правци Дебар-Струга, Мелнички Мост- Центар Жупа, како и патот кон селата на Мала Река, има појава на одрони. Поради тоа од секцијата  препорачуваат внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација. вт/сх/

Остани поврзан