• четврток, 14 ноември 2024

Повторно пролонгирани парламентарните избори во Сирија

Повторно пролонгирани парламентарните избори во Сирија
Дамаск, 7 мај 2020 (МИА) - Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска повторно ги одложи парламентарните избори поради пандемијата со Ковид-19.
Сириските власти во март ги пролонгираат изборите од 13 април на 20 мај. Парламентарните избори би требало да се организираат во јули.
Во Сирија во март се воведени мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.
Во зоните под контрола на власта регистрирани се 44 инфицирани лица со Ковид-19, од кои тројца починале, додека во североисточниот дел на Сирија, што е под контрола на курдските сили пријавени се три заразени лица, од кои еден човек почина.
Во Сирија и покрај укинување на дел од рестриктивните мерки, останува во сила полицискиот час.
Претстојните парламентарни извори ќе бидат трети од почетокот на војната во 2011 година во Сирија. Сириските власти со помош на руските и иранските сојузници повратија контрола над повеќе од 70 отсто од територијата. Повеќе од 380.000 луѓе загинаа во војната во Сирија. ми/

Остани поврзан