Повторно започнува функционирањето на продуктоводот Солун - Скопје
- Повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања, информираат од ВАРДАКС АД.
Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања, информираат од ВАРДАКС АД.
Оттаму ги повикуваат квалификуваните трговски компании кои сакаат да соработуваат и да го користат продуктоводот, да се информираат за важечките процедури достапни на веб-страницата на компанијата.

Продуктоводот од Солун до Скопје беше пуштен во функција во 2002 година за пренос на сурова нафта, а по 2013 година беше предмет на инвестиции за негова пренамена во инфраструктура за транспорт на дизел гориво.
Станува збор за систем во должина од 213,5 километри. Инфраструктурата располага со 15 блок-вентил станици за подобрено управување и високо ниво на безбедност, складишни капацитети од 80.000 кубниметри во Грција и 30.000 кубни метри во земјава, како и современ SCADA систем за следење на притисок, температура и проток во реално време.вј/са/
Фото: Вардакс и МИА архива