• вторник, 16 јули 2024

Повреден пешак на крстосницата од улиците „Васил Главинов“ и „Максим Горки“ во Скопје

Повреден пешак на крстосницата од улиците „Васил Главинов“ и „Максим Горки“ во Скопје

Скопје, 2 март 2024 (МИА) - На крстосницата од улиците „Васил Главинов“ и „Максим Горки“ во Скопје ноќеска патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, удрило во пешак кој со тешки телесни повредени бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски.

-Денеска (02.03.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Главинов“ и ул.„Максим Горки“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц.(72) од Скопје, удрило во пешакот Б.П.(33) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР во дневниот Билтен. ра/лв/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан