• сабота, 23 ноември 2024

Повик за „Суперучилишта“ - регионална програма за размена на средни училишта

Повик за „Суперучилишта“ - регионална програма за размена на средни училишта
Скопје, 1 октомври 2022 (МИА) - Регионалната канцеларија за младинска соработка објави Повик за аплицирање во рамки на регионалната програма за размена на средни училишта „Суперучилишта“. Како што информира Министерството за образование и наука, целта на Повикот кој нуди можности за  училиштата, учениците и наставниците е да го поддржи процесот за помирување, како и интеркултурен дијалог и учење помеѓу учениците и нивните заедници. -Доколку бидат избрани, средните училишта со оваа програма ќе имаат можност да спроведат училишни размени со партнерско училиште од регионот на Западен Балкан и да учествуваат во програмските активности посветени на градење на нивните капацитети, поврзување и соработка, наведува МОН во објавата на својата веб-страница. хс/сп/

Остани поврзан