• сабота, 21 декември 2024

Повик за пријавување стари и изнемоштени лица од Кратово за нега во домашни услови

Повик за пријавување стари и изнемоштени лица од Кратово за нега во домашни услови
Крива Паланка, 27 август 2021 (МИА) - Во Општина Кратово во тек е повикот за пријавување стари и изнемоштени лица за нега и грижа во домашни услови. Повикот е отворен до десетти септември, а услугите ќе ги пружат вкупно 14 негуватели ангажирани преку проектот за општинско-корисна работа.
-Општинската комисија откако ги избра кандидатите за негуватели на стари и изнемоштени лица во рамките на општинско корисна работа 2021/22, деновиве пристапи кон соопштение до јавноста за  пријавување стари и возрасни лица кои имаат потреба од грижа и помош во домот. Повикот ќе трае заклучно со 10 септември 2021, а пријавите се вршат на телефонскиот број 031 481 202, по електронски пат на contact.kratovo@gmail.com или во просториите на ЕЛС Кратово. Годинава ќе бидат ангажирани 14 негуватели, што ќе ги извршуваат следните услуги кај крајните корисници: дружење и социјализација, помош во одржување на домаќинството, помош при облекување, исхрана, купување намирници и лекови, придружба при посета на доктор и останати работи, информира Катерина Станковиќ од локалната самоуправа на Општина Кратово.
Крајни корисници на услугата може да бидат лица на кои помошта во домот не може да ја обезбеди брачниот другар, родителите или децата поради заснован работен однос, нарушена здравствена состојба, старост, осаменост итн.
Крајните корисници ќе ја добиваат услугата бесплатно секој ден во работните денови, во времетраење од најмногу четири часа. ид/бак/

Остани поврзан