• понеделник, 23 декември 2024

Поведена постапка против возач на камион од Србија за прикривање оштетувања на царинската „пломба“

Поведена постапка против возач на камион од Србија за прикривање оштетувања на царинската „пломба“

Скопје, 29 август 2023 (МИА) - Возач на товарно возило со српски регистарски таблички, на 26 август на граничниот премин Богородица, доаѓајќи од Република Грција, се обидел да прикрие оштетувањата на царинско обележје (сајла со пломба) со изолир трака и за истото не ги известил царинските органи, исвестуваат од Царинска управа.

Со одлука на судот на возачот му се одземени 17,7 тони тутун во лист, товарно моторно возило - влекач и полуприколка во вкупна вредност од седум милиони денари. 

Царинарската управа соопштува дека оштетувањата на царинските обележја создале услови за отворање на возилото во кое била сместена стоката при што постои можност за вадење на истата или пак ставање на друга стока во возилото при премин на гранична царинска линија со што се прекршува царинската регулатива.

По поднесена пријава, како што известуваат, надлежниот суд донел одлука за одземање на тутун во лист во вредност од 5,7 милиони денари поради прекршување на член 267 од Царинскиот закон, како и одлука за одземање на товарно моторно возило влекач во вредност од 806.191 денари и полуприколка  во вредност од 492.512 денари поради прекршување на член 269 од Царинскиот Закон.

Против возачот е поведена прекршочна постапка, а одземениот тутун, возилото - влекач и приколката ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. сан/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан