• петок, 05 декември 2025

Победи и бодови за гостинските екипи на денешните дуели од ПФЛ

Победи и бодови за гостинските екипи на денешните дуели од ПФЛ

Скопје, 4.ноември 2025 (МИА) – Двата денешни натпревара од Првата фудбалска лига завршија со победи на гостинските екипи. Во дербито во Ѓорче Петров, Струга ја совлада домашната екипа на Македонија ЃП со 2:0. Головите за победникот ги постигнаа Флориан Рочи во 32.минута и Басиру Компаоре во 62.минута од пенал.

На вториот дуел во Скопје гостите од Кавадарци Тиквеш славеа победа со идентични 2:0 и по три натпревари без победа стигнаа до третиот триумф во шампионатот.

На вчера одиграниот натпревар Арсими – Башкими 4:2.

Утре се играат два дуела: Брера – Силекс (почеток 13.30 часот) и Пелистер – Вардар (почеток 17 часот). Поради настапот во УЕФА Конференциската лига и настапот на Шкендија, дуелот Шкупи – Шкендија ќе се игра на 15.ноември.

Со денешната победа Струга со 29 бодови е прва, пред Вардар со 27.

Фото: ФФМ

Остани поврзан