Хет-трик на Мбапе за убедлив триумф на Реал Мадрид
- Првите два дуела од второто коло од Лигата на шампионите завршија со победи на гостинските екипи
Алмати, 30.септември 2025 (МИА) – Првите два дуела од второто коло од Лигата на шампионите одиграни вечерва завршија со убедлив триумф на Реал Мадрид и победа на Аталанта од 2:1 во Бергамо. Реал Мадрид славеше победа од 5:0 на гостувањето во Казахстан против екипата на Каират. Стрелец на првите три голови за „кралскиот клуб“ беше Килијан Мбапе во 25.минута од пенал и во вториот дел во 52.минута и 74.минута. На 4:0 зголеми Едуардо Камвинга во 83.минута, а конечните 5:0 ги постави Брахим Диаз во 90+3 минута.
На дуелот во Бергамо, гостите од Белгија, Бриж поведоа со 1:0, а стрелец на голот беше Христос Цолис во 38.минута. Погодокот за Аталанта од пенал за 1:1 го постигна Лазар Самарџиќ во 74.минута, додека победничкиот гол беше дело на Марио Пашалиќ во 87.минута.
Вечерва се играат уште седум натпревари, а двојките се: Атлетико Мадрид – Ајнтрахт, Бодо/Глимт – Тотенхем, Челзи – Бенфика, Галатасарај – Ливерпул, Интер – Славија Прага, Олимпик Марсеј – Ајакс и Пафос – Баерн.
Другите девет натпревари од оваа рунда се играат утре. мн
Фото: ЕПА