Победа со забрана за присуство на публика на четири домашни натпревари
- Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика.
Скопје, 6 ноември 2025 (МИА) - Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница ја казни Победа од Прилеп со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика.
Прилепчани ќе треба да платат и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери по натпреварот со Шкендија од Арачиново во Втората македонска фудбалска лига.
Другите одлуки се:
- Ивица Глигоровски, кондициски тренер на ФК Силекс АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец;
- Тони Мегленски, помошен тренер на ФК Вардар АД, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец;
- Диако Лассана, фудбалер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за настап на два натпревара;
- Против ФК Вардар АД се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства, односно фрлање петарди, на натпреварот ФК Вардар – ФК Силекс;
- Оливер Тодоров, фудбалер на ФК Вардар Неготино, се казнува со забрана за настап на два натпревара;
- Игор Јаневски, фудбалер на ФК Охрид Лихнидос, се казнува со забрана за настап на еден натпревар;
- Николче Ефремов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на два натпревара;
- Бојан Иванов, фудбалер на ФК Каменица Саса, се казнува со забрана за настап на еден натпревар;
- Димитар Ѓорѓиев, фудбалер на ФК Детонит Плачковица, се казнува со забрана за настап на еден натпревар;
- Осман Даци, доктор на ФК Шкендија Арачиново, се казнува со забрана за вршење на функција во траење од еден месец;
- Љупче Џеков, фудбалер на ФК Силекс, се казнува со забрана за настап на еден натпревар;
- Против ФК Пелистер се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација на натпреварот ФК Пелистер АД – ФК Вардар АД, односно користење пиротехнички средства од страна на навивачката група;
- Против ФК Вардар се поведува дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства од страна на навивачката група Комити и направена материјална штета на стадионот „Петар Милошевски“. зс/
Фото: ФФМ