• петок, 05 декември 2025

Победа и во реваншот за одбојкарките на Јанта Волеј

Победа и во реваншот за одбојкарките на Јанта Волеј

Требиње, 29.октомври 2025 (МИА) – Одбојкарките на Јанта Волеј постигнаа историски успех. Тие вечерва и во реваншот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите го совладаа првакот на БиХ Гацко со 3:2 во сетови: Резултат по сетови: 26:24, 21:25, 19:25, 25:18, 15:13.

Двете екипи одиграа идентичен натпревар како и пред една недела во Скопје со многу пресврти и возбудувања и повторно победникот беше решен во петтиот сет.

Мери Бошковска со 17 поени беше лидер на тимот, додека средните блокери Јасмин Ледесма и Татјана Јаневиќ имаа по 12 поени. Двоцифрена беше и Ана Старчевиќ со 11 поени.

Во третата рунда од квалификациите од Лигата на шампионите, Јанта Волеј ќе се соочи со француски Волеро ле Кане, со кој првиот меч го игра на 13 ноември на гостински терен. мн/

Фото: ОФМ

Остани поврзан