• петок, 22 ноември 2024

Побегнатите мигранти на Сицилија вратени во прифатните центри

Побегнатите мигранти на Сицилија вратени во прифатните центри
Рим, 28 јули 2020 (МИА) - Италијанската полиција синоќа соопшти дека во изминатите два дена, две групи од по стотина мигранти побегнале од центрите за мигранти на Сицилија, но оти сите се вратени во прифатните центри. Претседателот на регионот Сицилија, Нело Мсумеци во разговор со министерката за внатрешни работи Луциана Ломоргезе изрази максимална загриженост поради неподносливата ситуација на Сицилија, постојаното пристигнување на мирантите и стравот дека неконтролираната ситуација може да предизвика тензии и социјални немири. Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо изјави дека е „недозволено лицата да се шетаат по островот без контрола бидејќи во Италија се уште постои опасност од ширење на заразата со Ковид-19“, како и дека Владата ќе испрати брод на Сицилија кој ќе биде карантин за новопристигнатите мигранти. На Сицилија во моментот има околу 800 нови мигранти иако во центарот има слободни места за само 95 лица. ми/

Остани поврзан