• четврток, 21 ноември 2024

Побарувачката на 5Г опрема го зголеми тримесечниот приход на Ериксон

Побарувачката на 5Г опрема го зголеми тримесечниот приход на Ериксон
Стокхолм, 14 април 2022 (МИА) - Шведскиот производител на телекомуникациска опрема Ериксон денеска соопшти дека бележи зголемување на приходите во првиот квартал, благодарение на побарувачката за опрема за 5Г мрежите. Компанијата наведува дека од јануари до март приходите се зголемени за 11 отсто и изнесуваат 55,1 милијарди круни (1,68 милијарди евра). Прилагодениот оперативен профит, пак, забележа ист процентен пад, намалувајќи се на 4,7 милијарди шведски круни. Ериксон на почетокот на годината, компанијата забележа зголемена побарувачка за опрема за мобилни мрежи од новата генерација, бидејќи Европа со забрзано темпо се подготвува за роботизација на производството. Граѓаните, пак, бараат пренос на податоци за дигитални услуги како што е стриминг што е можно поскоро. Но, добивката на Ериксон беше намалена за резервација од 95 милиони долари поради суспензијата на бизнисот во Русија по нејзината инвазија врз Украина. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан